Трета работилница со бизнис секторот

На 29 априло.г, во хотелот Дрим, во Струга се одржа третата работилница во рамки на проектот: "Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за малите и средни претпријатија во Југозападниот плански регион".Раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион,г-ѓа Мирјана Лозаноска, ја отвори оваа работилница и ги информираше на присутните за одобрениот проект.

На работилницата беше презентирана работната верзија на Програмата за развој на малите и средни претпријатија од Регионот со Предлог-Акциски план и Комуникациска стратегија.Презентација на овој документ имаше Александар Целески, претставник од Таргет Комуникации. Во првиот дел од неговата презентација беше претставена содржината на документот, а вториот дел продолжи со активно вклучување на бизнис секторот кои со своите предлози, коментари, сугестии и идеи ќе придонесат за оформување на финалниот документ.Документот е особено значаен бидејќи треба да придонесе за подобрување на вкупните состојби во бизнис секторот, задоволување на нивните барања и интереси, како и зголемување на пристапот до информации и степенот на учество на приватниот сектор во носењето на соодветни одлуки на локално и национално ниво.

На третата работилница свое учество зедоа сопственици и управители на МСП од регионот, претставници од општините одговорни за локален економски развој и регионалните стопански комори и комората за занаетчии.

Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации.

 

punetoria-e-trete-BQ-1.jpg punetoria-e-trete-BQ-2
punetoria-e-trete-BQ-3 punetoria-e-trete-BQ-4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион