Втора работилница со бизнис секторот

На 16 април о.г, во хотелот Дрим, во Струга се одржа втората работилница во рамки на проектот: "Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за малите и средни претпријатија во Југозападниот плански регион".Работилницата ја отвори раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион,г-ѓа Мирјана Лозаноска, која ги презентираше приоритетите и целите од Стратегијата за регионален развој на РМ како и Програмата за развој на Југозападниот плански регион 2015-2019.

Целта на втората од серијата работилници беше да се подигне нивото на информираност на бизнис секторот за постоење на различни извори на финансирање. Посебно внимание на оваа работилница беше посветено на Програмата на Европската Унија Хоризон 2020. Презентација за неа имаше проф. д-р Мијалче Санта, национално контакт лице за програмата, при што беа опфатени запознавањето со програмата, пристапот до финансии за МСП и правилата за аплицирање. Во продолжение беа претставени финансиските можности кои ги нуди Фондот за иновации и технолошки развој на РМ и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ. Претставникот од Фондот,г-ѓа Љупка Митриновска ги запозна присутните со повикот под инструментот Кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации како и со останатите програми креирани за поддршка на бизнис секторот. Претставниците г-ѓа Маја Тасева и г-ѓа Љиљана Вуковиќ ја презентираа Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2015.

На втората работилница свое учество зедоа сопственици и управители на МСП од регионот, претставници од општините одговорни за локален економски развој и регионалните стопански комори, комората за занаетчии и  економскиот оператор "Таргет комуникации" (изработувачи на Програмата за развој на МСП заедно со Комуникациска стратегија и на Водичот за инвестиции). Работилницата беше медиумски покриена од неколку редакции од пишаните и електронските медиуми.

Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации.

punetoria-e-dyte-BQ-5.jpg

 

pounetoria-e-dyte-BQ-6

punetoria-e-dyte-BQ-7

 

punetoria-e-dyte-BQ-3

punetoria-e-dyte-BQ-4

 

punetoria-e-dyte-BQ-8

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион