Прва работилница со бизнис заедницата

На 26 март о.г, во хотелот Дрим, во Струга се одржа првата работилница од проектот:"Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор". Главната цел на е да се зголеми конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средните претпријатија и на претприемништвото во Регионот. Сореализацијата на планираните проектни активности се очекува зголемување на степенот на инвестиции што ќе овозможи креирањена нови работни места и задоволување на барањата и интересите на бизнис заедницата. Проектот, исто така, треба да го зголеми пристапот до информации и степенот на учество на приватниот сектор во носење на соодветни одлуки на локално и регионално ниво.

Посебно внимание на оваа работилницата, во чија работа учествуваше и државниот секретар од Министерството за локална самоуправа, г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска, беше посветено на двата суштински документи кои треба да бидат изработени во наредниот период - Програмата за развој на МСП заедно со Комуникациската стратегија и на Водичот за инвестиции, а кои треба да придонесат за остварување на проектните цели и подобрување на општата економска состојба во Регионот. Во контекст на квалитетна изработка на споменатите документи од страна на изработувачот - Таргет комуникации од Скопје, претставникот Александар Целески, ја претстави методологијата и очекуваните резултати од нивната изработка. Покрај тоа стана збор и за анализа на потенцијалите за равој на регионот, со посебен осврт кон малите и средни претпријатија, за што зборуваше м-р Лазар Неданоски од Македонска развојна фондација за претпријатија.

На серијата од повеќето работилници ќе бидат обработени повеќе теми од интерес на бизнис заедницата како потенцијали за развој, финансирање од домашни и меѓународни извори, вмрежување и други актуелни теми, а за што како предавачи ќе бидат поканети истакнати македонски експерти.

Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации.

 

DSC_0498.JPG DSC_0505
DSC_0503 DSC_0499

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион