Оглас

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст ''Сл. Весник на РМ'' бр.145/2014), член 7 став 1 алинеја 4 од Одлуката за основање на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а согласно Проектот ,,Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор", Раководителот на Центарот, објавува

 

ОГЛАС

За прием на работник на определено време (6 месеци)

За следната работна позиција:

-       Координатор за одржлив развој и поддршка на приватен сектор во Центарот за развој на Југозападниот плански регион - 1 извршител

Покрај општите услови за вработување предвидени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

-          VII / Б степен- Факултет од областа на општествени науки

-          Искуство во подготовка, раководење и имплементација на проекти

-          Активно познавање на англиски јазик

-          Познавање на работа со компјутери

-          Познавања од регионалниот развој и системот на локалната самоуправа

-          Познавање на позитивните законски прописи, подзаконските акти и Владините регулативи релевантни за планирање, имплементација и евалуација на Програми за развој и поддршка на приватниот сектор

-          Комуникативност, аналитичност, креативност.

Работникот ќе работи на спроведување на проектните активности на Проектот ,,Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор".

Потребни документи за аплицирање:

-          Доказ за завршен соодветен вид на високо образование

-          Биографија (CV)

-          Мотивациско писмо

-          Копии од документите кои го потврдуваат стекнатото искуство во работа со проекти

-          Копии од сертификати кои ги потврдуваат познавањата наведени во посебните услови

Огласот е отворен 5 (пет) дена од денот на објавувањето во дневниот печат.

Со селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе биде извршено интервју.

Работодавачот ќе изврши избор во рок од 15 работни дена по истекот на рокот за пријавување.

Работни часови неделно: 40; Работно време од 08:00 до 16:00; Работни денови: од понеделник до петок

Основна нето плата: 24.000,00 денари

Контакт лице: Стојан Савески; Контакт тел: 046 701 005

Пријавите за вработување со потребните документи да се достават до: Центар за развој на Југозападниот плански регион, ул.``Партизанска`` бб, П.Фах 27, 6330 Струга.

Ненавремено доставените и некомплетни документи нема да се разгледуваат.

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион