Презентација на новата Програма за развој

После неколку работилници во низа, на ден 21.11.2014г, пред релевантни чинители од регионот, се презантираше нацрт верзијата на Програмата за развој на Југозападниот плански регион 2015-2019. На презентацијата учествувааше и Заменик Министерот за Локална самоуправа г-дин Љупчо Пренџов.

Нацрт верзијата на Програмата ја презентираа експертите кои ја изработуваа, а истата беше изработена со партиципативен пристап преку 6 работилници заедно со работните групи од секоја приоритетна област. За време на презентацијата учесниците  имаа можност да ги искажат своите забелешки и мислења преку заедничка дискусија. Програмата за развој на Југозападниот плански регион се очекува да биде усвоена во текот на наредните месеци.

prezantimi-i-programit-1 prezantimi-i-programit-5
prezantimi-i-programit-3 prezantimi-i-programit-4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион