Бизнис центар во Југозападен регион

На 14-ти ноември, во Струга, Центарот за развој во соработка со Министерствот за локална самоуправа и Програмата за развој на ОН (УНДП), на свечена манифестација, го промовираа формирањето на Бизнис центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југозападниот плански регион. Договорот за формирање на Бизнис центарот  го потпишаа г-дин Алесандро Фракасети од Програмата за развој на ОН (УНДП), г-дин Лирим Шабани Министер за локална самоуправа и м-р Мирјана Лозаноска Раководител на Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Се очекува Бизнис центарот да покаже голема функционалност и да биде од помош на бизнис заедницата, а јавниот сектор широко да ја отворат вратата за потенцијалните инвеститори кои ќе ги лоцираат своите бизниси во регионот за да ги искористат човечките и природните потенцијали.

Овој проект вклучува соработка помеѓу различни фактори во локално и регионално ниво во однос на зајакнување и зголемување на економскиот развој. Во овој поглед, соработката помеѓу различните сектори како што се јавните, приватните и граѓанскиот претставува суштински услов за севкупниот економски развој.

hapja-e-biznes-qendres-1.jpg hapja-e-biznes-qendres-3
hapja-e-biznes-qendres-2 hapja-e-biznes-qendres-4
hapja-e-biznes-qendres-5 hapja-e-biznes-qendres-6
hapja-e-biznes-qendres-7 hapja-e-biznes-qendres-8

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион