Заврши проектот за зголемување на енергетската ефикаснот во Југозападниот плански регион

Со завршна конференција, денеска во Струга (25.11.2014г) беше заокружен 15-месечниот проект "Зголемување на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион". Овој проект го реализираа Здружението "Македонски центар Енергетска ефикасност- МАЦЕФ" од Скопје и Центарот за развој на Југозападниот плански регион  и "Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност" и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија со средства од Европската унија преку ИПА програмата.

Јасминка Димитрова Капац, претседател на Здружението МАЦЕФ, појасни дека активностите започнале во септември минатата година, а истовремено се одвивале и во Албанија преку Центарот за енергетска ефикасност од Тирана. Сите седум активности од проектот се одвиваа во Југозападниот плански регион во чиј состав се 9 општини. Во рамки на проектот се изработи Студија за утврдување на потенцијалот за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во прекуграничниот регион.

Исто така, преку проектот, во 4 општини се изработени акциски планови за енергетска ефикасност за период од три години.Преку нив, енергетски ефикасни ќе станат четири училишни објекти, со вкупна површина од над 3000 м2 и тоа: Основно училиште во село Коџаџик - Општина Центар Жупа, Основно училиште во Корошишта - Општина Струга, Основно училиште во Требеништа - Општина Дебрца и Основно училиште во Долно Лакочереј - Општина Охрид. Изминатиот период се мереше нивната енергетска ефикасност, а скопската фирма "Делта проект" има обврска да подготви  техничка документација која ќе послужи како основа за барање дополнителни средства за решавање на проблемите со губитоците на енергијата.По целосното скенирање, ќе бидат предложени соодветни мерки што ќе треба да се преземат со цел да се намали потрошувачката на електричната енергија и на другите ресурси, и да се постигне поголема ефикасност во греењето или ладењето.

Проектот беше насочен кон подобрување на животните и работните услови за сметка на енергетската сиромаштија, намалување на емисијата на ЦО2, како и промоција за искористување на ОИЕ и заштита на природните ресурси во Југозападниот плански регион.

web01 web03
web02 web04

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион