Презентирање на Студија за одлагање на градежен шут и негов третман

На 22. Октомври.2014 година, се одржа презентација на: "Студијата за одлагање на градежниот шут и негов третман  во Регионот" од страна на изработувачот- Градежниот институт Македонија од Скопје.

Во самата Студија, од страна на економскиот оператор беа предложени 3 можни алтернативи за начинот на собирање, одлагање и третирање на градежниот шут.

Во презентацијата и дискусијата по оваа тема  присуствуваа соодветени претставници од општините и ЈКП од регионот.

Како следен чекор останува содветните институции да превземат соодветни чекори за изградаба и поставување на систем за управување со градежниот шут во ниво на регион, кој дирекно ќе влиаје и во зачувување на животна средина, затворањето на дивите депони и нејзиниот одржлив развој.

Студијата е дел од регионалните проекти за 2014 г., одобрени од страна на Министерството за локална самоуправа.

 

web1 web2
web3 web4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион