Државниот секретар на МЛС во посета на Центарот

Струга, 30 септември 2014  Министерството за локална самоуправа ги прави сите напори да обезбеди нормално функционирање на Центрите за развој во осумтте плански региони, бидејќи истите се идентификувани како значајни субјекти кои можат да придонесат за регионалниот развој во Македонија преку развивање на проекти со значаен импакт во споменатите територијално-просторни целини, а и за надминување на дисбалансите што постојат во државата. Ова денес го истакна државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска-Гугоска, која заедно со раководителот на Секторот за правни и општи работи во министерството, Сузана Најкова престојуваше во работна посета на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Со цел да се надминат проблемите во функционирањето на Центрите за развој во тек на подготовка е документ во кои се предложени неколку модели на финансирање , преку кои треба да обезбеди нивна одржливост во понатамошниот период. Се надеваме, дека Владата на Македонија, ќе прифати соодветен модел и преку измени на Законот за рамномерен регионален развој ќе овозможи нормално функционирање на Центрита за развој со оглед на постојните проблеми со кои тие со соочуват за нивно тековно работење.

sek1.jpg sek3
sek2

Државниот секретар Билјана Цветановска-Гугоска, на средбата, информираше за престојните активности што се прават во Министерството за локална самоуправа, за заживување на регионалените центри за соработка со бизнис заедницата, кои преку поддршка на УНДП и Владата на Македонија треба да овозможат отварање на нови бизниси преку поддршка на домашните и странски инвеститори.

На средбата државниот секретар Цветановска-Гугоска, од страна на раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска  беше информирана за тековните проекти што се имплементираат од страна на ова регионално тело, како и за потешкотите со кои се соочува, а за кои, со цел да се надминат, е потребна поддршка од Министерството за локална самоуправа.

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион