Пешачки и велосипедски патеки во регионот

Во петокот - 26 септември 2014 г., пред поголем број значајни субјекти од Регионот, во Струга, беше претставена Студијата за пешачки и велосипедски патеки, што ја изработи Техничкиот факултет од Битола. Истата е дел од регионалните проекти - одобрени од страна на Министерството за локална самоуправа за 2014 година на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Основната цел на Студијата е креирање на инфраструктурна мрежа од пешачки и велосипедски патеки кои ќе ги интегрираат многубројните цркви, манастири, пештери и други атрактивни локации во "најтуристичкиот" регион во Р. Македонија.

Инаку, сите сфери на општественото живеење директно или индиректно зависат од сообраќајната поврзаност и од состојбата на транспортната инфраструктура, а гледано од сообраќаен аспект, во Југозападниот плански регион недостигаат патеки за алтернативните - еколошки и пред се - погодни за здравјето начини на превоз, кои се практични и посакувани за употреба особено за туристички посети, а тоа се пешачењето и употребата на велосипедот, што беше и основен мотив заради кои се пристапи кон изработка на оваа Студија.

velosip-pes-pateki-1.jpg velosip-pes-pateki-3
velosip-pes-pateki-2

Како што истакна проф.д-р Васка Атанасова, раководител на проектот, за реално добивање на податоци првично беше направена анкета врз репрезентавивен примерок на испитаници (1.100). Во понатамошната фаза, патеките се проектирани следејќи ги добиените резултати од анкетата, како и низ консултација со велосипедски здруженија, геодети, претставници од Општините и познавачи на теренот.

Во Студијата се опфатени 49 пешачки и велосипедски патеки, како и три дополнителни за т.н. екестремни спортови со опфат на деветте општини од Регионот. Истите се во фаза на предпроектирање, така што останува на општините во следниот период, во зависност од нивниот интерес, да преминат во фаза на реализација на дел од набележаните патеки во Студијата.

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион