Ревизија на Програмата

Во четврток, 11.09.2014 Центарот за развој на Југозападен плански регион во соработка со германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ РЕД, Министерството за локална самоуправа и други партнери од регионално ниво: претставници од Општините од ЈЗПР, НВО, и други организации, почна со активности за ревизија на Програмата за развој на Југозападен плански регион за период 2015-2019. Во ова работилница се изработи SWOT и PEST анализата за 3 приоритети од Програмата за развој и тоа за Транспорт и Инфраструктура, Земјоделие и рурален развој, и Економија и Инвестиции.

Ревизијата на Програмите ќе се спроведува согласно  Законот за рамномерен регионален развој, Правилникот за методологија за изработка на планските документи за регионален развој и Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009-2019 година и ревизијата на Стратегијата.

Programi-1.jpg Programi-2
Programi-3 DSC_0132
DSC_0129 DSC_0136

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион