Отворен ден за ЕЕ во Охрид

Во рамките на проектот  "Зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион", задутре - 25 јули-петок во Охрид, во времето од 10 до 17 часот, во рамките на комплексот Летница, односно во долниот дел од ресторанот, граѓаните ќе можат да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност преку  бесплатни инженериски совети и промотивни материјали. На овој трет од низата отворени денови што беа организирани во Струга и Дебар со свои производи и услуги ќе се претстават и неколку реномирани компании од државава. Настаните се дел од втората активност на проектот со цел  промоција на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори во Југозападниот плански регион на Македонија.

Настанот е во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ и Центарот за развој на југозападниот плански регион, а е поддржан од Општина Охрид.

Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Водечки партнер на проектот е "Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ" во партнерство со "Центарот за развој на Југозападниот плански регион" од Република Македонија и "Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност" и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.

 

Ohrid_3.jpg Ohrid_2
Ohrid_1

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион