Обука за енергетска ефикасност

Денес, (19.06.2014) во Македонски Брод, во рамките на проектот "Зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија", чиј носител е организацијата МАЦЕФ од Скопје, се одржа втората обука за општинската администрација во Југозападниот плански регион. Претставниците од општините, јавните претпријатија, организации и здруженија имаа можнст да проследат неколку предавања изведени од еминентни познавачи од облaста со цел да се подигне степенот на  енергетската ефиканост во јавниот и приватниот сектор, како и да се запознаат со законските обврски во овој домен, а кои, пред се, се однесуваат на Општините.

Според проектот, во следниот период, општините од регионот ќе треба да номинираат по еден функционален објект, сопственост на општината, од кои, стручна комисија, ќе селектира четири објекти за кои ќе биде изработена техничка документација, која е основа, понатаму, да биде употребена за барање средства за решавање на проблемот на ефикасноста на односниот објект.

Во текот на јули ќе бидат одржани и три отворени денови ( во три различни градови во Регионот) на кои стручни лица ќе им даваат совети на граѓаните како да ја подобрат енергетската ефикасност во домовите.

Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на CBC Програмата со Република Албанија, а Центарот за развој на ЈЗПР се појавува како партнер бидејќи сите активности се одвиваат во Регионот.

Brod_11.jpg Brod_22
Brod_33

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион