Имплементација на ПБГ проекти

Денеска, 10.04.2014 година, во просториите на Центарот за развој на Југозападен плански регион, се одржа работна средба со претставници од економските оператори и претставници од општините и јавните комунални претпријатиа од ЈЗПР, со што почна имплементација на 3 регионални проекти финансирани преку ГИЗ РЕД Програмата. Целта на состанокот беше да се добијат првичните информации за состојбата со документацијата и работите на терен во населените места Радожда (проект: Колекторски систем Радожда - Калишта), населено место Центар Жупа (проект: Пречистителна станица во Општина Центар Жупа), и населено место Трпејца (проект: Пречистителна станица во нм. Трпејца).

Што се однесува до регионалните проекти финансирани преку ГИЗ РЕД Програма (ПБГ грант), на  Југозападниот плански регион, како што веќе и е познато на јавноста, му се одобрени 4 проекти. Во следниот период се очекува да се одржи состанок и со претставници од економските оператори и претставници од Општина Кичево за 4-от проект, Анализа за најповолна изведбена варијанта за пречистување на отпадните води во Кичево.

 

implementimi-i-PBG-1.jpg implementimi-i-PBG-3
implementimi-i-PBG-2 implementimi-i-PBG-4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион