Енергетска ефикасност

Во Кичево  (на 28 февруари) во рамките на проектот за подобрување на енергетската ефикасност, како и искористувањето на обновливи извори на енергија во меѓуграничните региони, финансиран преку ИПА-програмата, беше организирано второто предавање наменето за преставниците на јавните установи, малите и средните претпријатија, како и за граѓаните од Кичево, Пласница и Македонски Брод.

Од граѓанската асоцијација МАЦЕФ од Скопје, лидер на проектот, посочуваат дека предавањето е од доменот на енергетската ефикасност, системите за ладење и топлење, како и поефикасното искористување на обновливите извори на енергија.

Партнер на овој проект е Центарот за развој на Југозападниот плански регион, кој е вклучен во реализација на проективните активности со кои се цели кон промоција на развојот на меѓуграничните зони со посебен акцент во енергетиката, економскиот развој, социјалата и животната средина.

 

Kicevo_1 Kicevo_2

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион