Договор со ГИЗ

Центарот за развој на Југозападниот плански регион и Германското техничко друштво за меѓународна соработка,(ГИЗ РЕД Програмата) потпишаа договор за финансирање на четири регионални проекти, од областа на одведувањето и третман на отпадните води.

Станува збор за изработка на основен проект за пречистителната станица во населбата Трпејца, колекторски систем од селото Радожда до Калишта, пречистителна станица во Центар Жупа, како и изработка на Cost benefit analysis (Анализа за најповолна изведбена варијанта) за комплетниот систем за одведување отпадни води во урбаниот дел на Кичево. Вкупната вредност на проектите е 50.000 евра, а рокот за нивното завршување е до крајот на јули оваа година.

Проектите е од огромно значење за целиот Регион бидејќи со нивната реализација ќе се отворат можности за реално финансирање на изградбата на овие инфраструктурни објекти. Според пресметките, за реализација на четирите проекти би се добиле околу 14 милиони евра, со тоа што 10 милиони евра веќе се обезбедени за проектот во Кичево преку Министерството за животна средина и просторно планирање од третата компонента на претпристапната помош што Македонија ја добива од Европската Унија. Реалини можности постојат, од истиот извор, да се добијат средства за целосно заокружување на колекторскиот систем околу Охридското Езеро од македонската страна. Тоа значи завршување на делот од Градиште до Свети Наум и од Струга до Радожда. Според направените анализи овој дел ќе чини околу 3 милииони евра.

Овие значајни инфраструктурни проекти кои се дел од годишната приоритетна листа на проекти утврдена од страна на Советот за развој на Југозападниот плански регион. Инаку, дел од средствата за изработка на техничката документација за проектите се обезбедени од Швајцарската агеннција за развој и соработка.

Pres_3_GIZ Pres_3_GIZ

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион