Регионална депонија

Интегрираните решенија за управување со отпадот преку изработка на планови на регионално ниво, како и надминување на проблемот со постоењето на нестандардни - диви-  депонии се кључните фактори што може да придонесат Македонија да постане зелена дестинација. Ваквиот начин на дејствување ќе придонесе на нашата земја за оваа намена да и бидат на располагање европските фондови, бидејќи искуствата покажуваат дека ниедна земја самостојно не може да се справи со отпадот.  Ова денес, во Охрид, го истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање м-р Стево Темелковски на работната средба со претставниците на локалната самоуправа, јавното комунално претпријатие и на Центарот за развој на Југозападнниот плански регион.

Средбата во Охрид се остварува по закључоците на Владата на Република Македонија со цел да се пристапи кон подготовка на акциски планови на средување на комуналните проблеми на граѓаните во пооделни микро средини кои се оценети како жешки точки. Имајќи во вид дека состојбите со отпадот во Охрид не се драматични, од страна на заменикот министер Темелковски беше апелирано субјектите активно да се вклучат со цел да се искористат веќе алоцираните европски средства преку ИПА програмата за изработка на регионален план за Југозападниот плански регион. Се очекува, во текот на 2015 година, да започне тендерската процедура за искористување на одобрените 10 милиони евра за утврдување на локацијата на депонијата, потенцијалните трансфер-станици, затворање на постојните диви депонии, техничко дизајнирање на депонијата и доколку биде дозволено снабдување на комуналните претпријатија со нови модерни возила.

Раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска укажа дека соодветните структури се веќе формирани. Овој период треба да се искористи за да се добие комплетна слика за количините на отпад што се генерираат на ниво на плански регион и можностите тој понатаму да се користи, бидејќи за потенцијалите инвеститори овие две прашања се од пресудно значење дали ќе вложат во модерна депонија или не.

На средбата со заменик министерот за животна средина, Стево Темелковски, преставниците на локалната самоуправа искажаа заложба за заштита на охридските чинари, а стана збор и за потребата од утврдување заштитени зони во Студенчишкото блато бидејќи одделни странски инвеститори сакаат да вложат средства во нови туристички развојни капацитети.

ZamMin_Ohrid 09.01.2014-2 ZamMini_Ohrid 09.01.2014-1.jpg
ZamMin_Ohrid 09.01.2014-3

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион