Студиска визита во Копер

Високата македонска делегација, што ја чинат 30 први луѓе на оптините од Пелагонискиот, Полошкиот, Североисточниот, југозападниот и вардарскиот регион, раководителите на центрите за развој на планскте региони и претставници на ГИЗ РЕД програмата денес беа примени од градоначалникот на Копер, во Р. Словенија, Борис Попович. Пред присутните во Агенцијата за регионален развој на Приморска, беше елабориран планот за регионалниот развој и националното финасирање после 2014 година, како и проектите од регинот финасирани од различни извори.

Копер е помеѓу трите најголеми и најуспешни општини во Словенија со годишен буџет од околу 70 милиони евра. Голем дел од средствата се обезбедуваат преку европските фондови наменети за финансирање на проекти од енергетската ефикасност. За таа цел е подготвена  регионална стратегија и акциски план, изготвен од регионалната агенција за енергетска ефикасност ГОЛЕА.

Една од можеби најсофистицираните депонии  во Европа  за управување со цврст отпад е оваа во градот Изола на само 5 км оддалеченост од Копер, на самиот брег на јадранското море. При посетата беа претставени локалните структури за управување  и обработка на отпадот, како и технологијата и начинот на работа.

 

ТВ Ирис

 

trieste-koper-02.jpg trieste---koper-01

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион