Студиска визита во Трст

30 градоначалници од 5 -те  региони од централниот, западниот и севериосточниот дел на земјата и раководителите на центрите за развој на планските региони, предводени од министерот за локална самоуправа  претстoјуваат во студиска посета на Италија, Словенија и Хрватска. Македонската делегација оствари работна средба со претседателот на провинцијата Трст. На состанокот беа презентирани реализираните проекти од прекуграничната соработка помеѓу Италија и Словенија, за која цел се инвестирани над 300 милиони евра. Акцентот беше ставен и на италијанскиот пристап за кластерско здружување на компаниии за енергетска ефикасност и маркетинг.

Според организаторот и финансиер на тематското патување, ГИЗ РЕД програма, овие три дестинации се одбрани од причина што Италија и Словенија имаат големо искуство во аплицирање на проекти од фондовите на ЕУ, а Хрватска, како и Македонија до неодамна ги користеше пред пристапните средства.

Делегацијата го посети и природно заштитеното подрачје,   Сан Дорлинго дела Вале, во Општина Долина, каде од градоначалникот Фулвиа Премолин се запознаа со системот на подготовка и финансирање на проекти на локално и регионално ниво. Тематското патување продолжува со посета на градот Копер во Словенија и Пула во Хрватска.

 

ТВ Ирис

 

trieste---koper-01 trieste---koper-03

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион