Туристички приоритети

На Факултетот за туризам и угостителство - Охрид на 31 октомври се одржа работна средба помеѓу претставници на факултетот, секторите за локален економски развој на општините од Регионот и Центарот за развој на Југозападниот плански регион. На средбата стана збор за развојните приоритети на Општините во областа на туризмот, во рамките на изработката на Студијата за развој на туристичките потенцијали на Регионот. Приоритетите што беа предложени од страна на претставниците на секторите за локален економски развој ќе бидат вградени во истражувањето.  Притоа, посебен акцент беше ставен на регионално поврзување на општините во насока на развој на туризмот.

Тимот на експерти од Факултетот за туризам и угостителство, кои работат на изработката на Студијата меѓудругото вршат и истражување на вкупните потенцијалите на општините од Југозападниот плански регион, а кои можат да бидат ставени во функција на развој на туризмот.

Студијата опфаќа примарни и секундарни истражувања, при што особено внимание се посветува на сондажата на мислења од клучните субјекти инволвирани во сферата на туризмот и угостителството, како што се посетителите, хотелско-угостителските претставници, туристичките агенции, Општините и сл.

Студијата ќе биде изработена до 15 ноември и истата ќе биде ставена на увид на јавноста.

 

studim-per-turizmin-1 studim-per-turizmin-2

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион