Проект за Црн Дрим

Се одржа првиот состанок со работната група за проектот "Физибилити студија за третирање на отпадните води што се влеваат во река Црн Дрим од Струга до Дебар". На состанокот учествуваа експертите, економскиот оператор ангажиран за изработка на студијата, претставници од општините партенри во проектот како и претставници од комуналните претпријатиа кои се занимаваат со третирање на отпадните води. Експертите од економскиот оператор Хидро Енерго Инженеринг го презантираа нивната работна Програма во врска со оваа Студија како и пристапот и методологијата кое го имплементират во текот на изработката на вакви физибилити студии за третирање на отпадните води. Тие беа запознаени со реалната ситуација на општините кога станува збор за решавање на проблемите со отпадните води општо но и тие што се влеваат во река Црн Дрим.

Во идната фаза општините ќе дават материали и емпирички податоци во врска со состојбата на отпадните води во нивните територии како и ќе излезат на терен заедно со економскиот оператор за да ја потврдат фактичката состојба.

 

photo 3 photo 4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион