Мирјана Лозаноска е реизбрана за директор на Центарот за развој

Досегашниот раководител,  Мирјана Лозаноска е реизбрана за директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион , на денешната седница на Советот за развој, на која покрај другото се разгледуваа прашања поврзани со регионалниот развој. Членовите на Советот едногласно оценија дека Центарот во изминатиот период има остварено значајни резултати, но дека се појавува потреба да се постигне поголем степен на разбирање со Владата на РМ во однос на средствата што се издвојуваат за надминување на дисбалансите во самите региони, како и во однос на развојот од една на страна на Скопскиот, во однос на останатите седум плански региони во државава.

Струшкиот градоначалник Зиадин Села, кој истовремено е претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион, подвлече дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за рамномерен регионален развој, според кои, за развој на планските региони, треба да се извојуваат еден насто од БДП, на годишно ниво. Доколку тоа не се случи регионалната политика ќе биде само декларативна заложба, нагласи Села.

 

Sovet_1 Sovet_3

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион