Работилница за општинските Совети

Центарот за развој на Југозападен плански регион во соработка со Програмата за Регионален економски развој на Германската техничка помош во Македонија (ГИЗ РЕД) на 05.07.2013 година (петок), во Охрид, одржа еднодневна тренинг работилница.

Работилницата беше наменета за Претседателите на Општинските Совети, координатори на Советничките групи, советници, и членови на комисии за локален економски развој, буџет и финансии. Тема на работилницата беше запознавање со Програмата на ГИЗ РЕД, Политиката на регионалниот развој во Република Македонија, Регионалниот менаџмент, како и работата на Советот за развој и Центарот за развој на Југозападен плански регион.

 

trajnim-per-keshillat01 trajnim-per-keshillat03
trajnim-per-keshillat02 trajnim-per-keshillat04

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион