Регионални проекти

Центарот за развој на Југозападниот плански регион до крајот на годинава ќе имплементира седум регионални проекти за што се издвоени околу седум милиони денари од Буџетот на РМ за развој на планските региони. Со договорот што деновиве е потпишан со Бирото ра регионален развој е предвидено да се изработат три студии и тоа за примена на алтернативните извори на енергија и за туристичките потенцијали на регионот, како и за третирање на отпадните води што влегуваат во реката Црн Дрим од Струга до Дебар.

Покрај ова, ќе се изврши мапирање на значајните природни и културни локалитети со поставување на соодветна патна сигнализација, а ќе биде изработена и мапа на значајните знаменитости во Југозападниот плански регион. Центарот за развој за потребите на комуналните претпријатија ќе изврши набавка на балирки и преси со цел поефикасно решавање на  проблемите со отпадот од пластика. Со еден од проектите е предвидено да се изврши брендирање на типичните млечни производи што се произведуваат во дебарскиот микро-регион.

image-1372330359660-V image-1372330725226-V

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион