Рурален развој

Претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска (11.06.2013), во Охрид, оддржа информативен состанок за објевениот 2 (втор) и 3 (трет) повик за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Претставниците на АФПЗРР ги претставија мерките и можностите кои ги нуди Програмата, и тоа трите мерки:

-          321: Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини

-          322: Обнова и развој на селата

-          323: Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја

Право на користење на средствата имат Единиците на локалната самоуправа на чија територија се наоѓа руралната средина за која се однесува инвестицијата. Максималната вредност на прифатливи трошоци по проект по мерки изнесува:

-          Мерка 321: до 20.000.000,00 денари по проект

-          Мерка 322: до 20.000.000,00 денари по проект

-          Мерка 323: до 15.000.000,00 денари по проект

На состанокот учествуваа Градоначалници од Југозападниот плански регион, оперативни лица од Општините во регионот и вработените во Центарот за развој на Југозападнито плански регион.

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион