Иновативни проекти

На ден 11.06.2013 во просториите на ГИЗ РЕД во Струга, се одржа состанок во врска со Компонента 3 во рамките на ГИЗ, за отворените можности за поддршка на претприемништвото во Југозападниот плански регион. Од страна на ГИЗ донаторот, беше искажано дека тие ќе поддржуват иновативни регионални проекти со вкупен буџет од 300.000 евра. Самите предлог проекти ќе бидат идентификувани од страна на претприемачите, разни кластери, организации, невладиниот сектор од Југозападниот регион. На почетокот на месец Септември, ќе се објави повик за финансирање на овие проекти.

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион