Презентација на ЦУК

Врз основа на донесените заклучоци за соработка и координација со градоначалниците утврдени на состанок во Министерство за локална самоуправа, Центарот за развој на Југозападниот плански регион во соработка со МЛС денес во Општина Струга одржаа состанок за презентација на надлежностите и улогата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Системот за управување со кризи (СУК), законската одговорност на надлежните институции на локално ниво, за превенција, рано предупредување и справување со пожари од поголем размер на отворен простор.

На состанокот присуствуваа Директорот на ЦУК, преставници од општините кои припаѓат во Југозападниот регион, раководители на сектори од ЦУК како и одговорни лица во субјектите од СУК на локално ниво одговорни за превенција, рано предупредување и справување со пожари од поголеми размери на отворен простор.

 

cuk2.gif cuk1

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион