4-ти состанок на РАГ

На ден 16.05.2013 во салата на Советот на Општина Струга се одржа четвртиот состанок од Регионалната Акциска Група (РАГ) во секторот за земјоделство и сточарство. Г-ѓа Драгица Попоска од ЗЕМ "Езерка" е избрана за координатор на РАГ а ас.координатор се избра г-ѓа Вилјана Садикоска од Ед "Грашница" Охрид. Исто така во самиот состанок се направи ранг листа на приоритетни проекти од областа на земјоделството и сточарството. Проекти кои се предложија се:

- Брендирање на типични млечни производи од Дебарскиот микро регион;

- Имплементација и сертификација на Глобалгап стандарт во одгледување на Охридската черешна;

- Традиционалното знаење - пат кон одржливост и

- Направи малку - заштеди многу: компостирај!

 

Проектите ќе се испратат во отворените повици од институциите и странските донатори.

 

rag1-16.05.2013 rag2---16.05.2013

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион