Конституивна седница на Советот за развој

На 30.04.2013 година со почеток во 11 часот, во салата на Совет на Општина Струга се одржа конститутивна седница на Советот за развој на Југозападен плански регион.

На седницата беа присутни сите девет (9) Градоначалници од Општините на Југозападниот плански регион: Цветомир Угриноски - Градоначалник на Општина Вевчани, Ружди Лата - Градоначалник на Општина Дебар, Игор Трајкоски - Градоначалник на Општина Дебарца, Фатмир Дехари -  Градоначалник на Општина Кичево, Милосим Војнески - Градоначалник на Општина Македонски Брод, Никола Бакрачески - Градоначалник на Општина Охрид, Исмаил Јахоски - Градоначалник на Општина Пласница, Зијадин Села - Градоначалник на Општина Струга, Аријан Ибраим - Градоначалник на Општина Центар Жупа, претставници од општините во регионот и вработените во Центарот за развој на Југозападен плански регион.

По извршената верификација на присутните Градоначалници се пристапи кон избор на Претседател на Советот за развој на Југозапдниот плански регион, при што со консесус за Претседател на ова тело е избран Зијадин Села, Грагоначалник на Општина Струга.

Новоизбраниот Претседател Зијадин им се заблагодари на сите членови за искажаната доверба со надеж дека заеднички ќе делуваат во развојот на регионот.

 

konstituivna-sednica-1.gif konstituivna-sednica-2
konstituivna-sednica-3 konstituivna-sednica-4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион