Министерот за локална самоуправа Тахир Хани на посета во Центарот

Петте години од донесувањето на Законот за рамномерен  регионален развој е доволен период  да се направи квалитетна анализа за ефектите од овој нормативен акт, особено во доменот на надминување на диспаритетите помеѓу Скопскиот и останатите плански региони во државата. Документот треба да биде изработен во најскоро време и истиот треба да се најде на седница на Владата на Република Македонија доколку наша желба е да напредува регионалниот развој во целата држава. Ова денес го истакна министерот за локална самоуправа, Тахир Хани, при работната средба во Центарот за развој на Југозападниот плански регион на која присуствуваше и претседателот на Советот за развој, Рамиз Мерко.

 

Министерот Хани истакна дека ќе настојува средствата што се издвојуваат од Буџетот на државата за регионален развој да се зголемуваат, бидејќи така регионите и општините што припаѓаат во нив ќе можат да реализираат проекти со кои ќе се подобруваат животните услови на локалното население. Покрај политиката на регионалниот развој и децентрализацијата е значаен услов за функционалност на единиците на локалната самоуправа, кои треба да станат вистински сервис на потребите на граѓаните. Со цел да се обезбедат повеќе средства наманети за развој на регионите, Министерството за локална самоуправа ќе побара и од останатите министерства, при распределбата на буџетските средствата, да ги почитуваат критериумите врз основа на кои ќе треба одобруваат проекти што ќе ги доставуваат Центрите за развој и општините. Но, притоа општините ќе мора да покажат дека имаат ресурси и капацитети во менаџирањето на доделените средства за проекти.

 

Претседателот на Советот за развој на Југозападниот плански регион, Рамиз Мерко побара од министерот Хани да се заложи да не дојде до пропаѓање на осумте центри за развој, бидејќи тие се соочуваат со големи потешкотии во обезбедување средства за тековно работење. Во таа смисла потребно е да дојде до промени на Законот за рамномерен регионален развој со цел да се изнајдат трајни решенија за функционирање на Центрите за развој.

Министерот за локална самоуправа, Тахир Хани од страна на раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска беше информиран за тековните проекти што се спроведуваат во овој дел од Македонија.

 

 

mia01 ueb faqe
mia02

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион