Стратешко планирање

На ден 27.12.2012 година, во Струга, во салата на Совето на Општина Струга, од 10:00 часот се одржа обука за стратешко планирање на локално ниво. Организатори на обуката беа Генералниот Секретариатот на Владата на РМ, Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Југозападен плански регион.

На обуката се анализираше и дискутираше постојаната состојба, и тоа каде сакаме да бидеме во иднина. Се направи јасна презентација и дискусија со присутните (вработени во општините од ЈЗ плански регион) за стратешките приоритет и стратешките цели. На крајот, третиот модул, се разгледуваа можности и начини како се подготвуваат проектите, видови на проекти и буџетирање.

 

str-2 str-4
str-3 str-5

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион