РАГ во земјоделството и сточарството

На ден 10.10.2012 се одржа втората работилница на Региналната акциска група во секторот на земјоделството и сточарството. Целта на работилницата беше да се дефинират принципите на работа- јавно приватно партнерство, дефинирање на организациската структура и поделба на одговорностите и подготовка на план на активности и временската рамка на работа.

Во текот на работилницата се идентификуваа неколку заеднички проблеми со кои се соочуват земјоделството и сточарството во Југозападниот плански регион. Некои од заедничките проблеми кои беа истакнати се: инфраструктура, пазари за продажба на производите, брендирањето и намалувањето на пасиштата.

 

_DSC0218-web _DSC0227-web
_DSC0224-web _DSC0231-web

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион