Почна формирањето на РАГ

На ден 12.09.2012 год. во просториите на салата на Советот на општината Струга започна состанокот помеѓу релевантните институции, претставници од земјоделкиот и сточарскиот сектор од Југозападен плански регион.
Состанокот во понеделникот беше почеток на иницијативата за формирање на Регионална Акциска Група во овој регион каде што главниот аспект е да се подобри и да се зајакне земјоделскиот сектор во регионот, да се идентификува проблемите и начините за нивно надминување.


Ако оваа иницијатива функсионира ќе биде предуслов за подобрување на квалитетот на животот преку обезбедување на квалитетна храна и без пестициди.
На средбата присуствуваа претставници на единиците на локалната самоуправа, бизнис секторот и подрачните единици на Министерството за земјоделство и Агенцијата за поддршка на земјоделството и сточарството.
Оваа активност се реализира со поддршка на ГИЗ РЕД Програмата и е во согласност со Програмата за развој на Југозападниот плански регион.

rag-02 rag-03
rag-04

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион