Работен состанок со претставници на јапонската консултантска куќа Нихон Суико Секеи

Претставници на јапонската консултантска куќа Нихон Суико Секеи, денеска, имаа работен состанок во Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со цел да бидат информирани за напорите што ги прави оваа институција на планот на заштитата на водите во Регионот, со акцент на Охридското Езеро и речниот слив на Црн Дрим.

Спомената консултантска куќа е ангажирана од јапонската организација JICA ( Џајка) со цел  да се направи детаљна анализа на состојбите на колекторскиот систем, можностите за неговата реконструкција и доизградба. Раководителот Нода Норихиро нагласува дека очекуваат, во следниве три месеци, да ги приберат сите неопходни податоци за колекторскиот систем и состојбите со водите во микро-регионот  врз основа на што, подоцна, ќе биде утврдено каков вид на помош може да се очекува нашата земја од јапонска страна.

Јапонските стручњаци по прибирањето на податоците ќе изготват проектен документ врз основа на што македонската страна може да очекува да добие поволен кредит или заем за решавање на проблемите во тековното функционирање на колекторскиот систем, но и целосна заштита на водите што гравитираат околу него, а што подразбира приклучување на над 40-тина населени места кон овој систем кои во овој момент загадени води ги испуштаат дирекно во Езерото.

 

japon---2 japon---4
japon---3 japon--1

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион