Холанѓани во Центарот за развој

Денеска (15.06.2012), претставници од национални и локални институции од Холандија, го посетија Центарот за развој на Југозапападниот плански регион, при што беше разговарано за решавањето на проблемот со цврстиот отпад во Регионот. На средебата директорката на Центарот за развој, м- р Мирјана Лозаноска, информира за досегашните чекори што се преземени за решавање на овој приоритетен проблем, а стана збор и за останатите проекти што се реализирани во изминативе две години.

Претставниците од Холандија посебно се интересираа за решавање на проблемот со цврстиот отпад, начинот на собирањето и третирањето на цврстиот отпад и постапките кои се следат за решавање на овој проблем. Според нив, тие се на располагање за логистичка поддршка на Центарот за развој во решавањето на проблемот со цврстиот отпад.

Исто така, со претставниците од Холандија, се разменија искуства од имплементирани проекти од минатото од другите области, со што во иднина би соработувале заедно.

delegacion-nga-Hollanda--03 delegacion-nga-Hollanda---02

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион