Радовиш Експо 2012

Од 7-9 јуни 2012 година во Радовиш, се одржа саемот на региони од Југоисточна Европа 2012. Центарот за развој на Југозападен плански регион, со поддршка од ГИЗ РЕД Програмата, учествуваше со свој штанд на кои беа презентирани и општините од регионот.  Промоцијата на Центарот за развој, општините и другите економски оператори од регионот се изврши со пропагандни материали.

На штандот на Југозападниот плански регион се промовираа брошури од Центарот, брошури за општините и нивните потенцијали, флаери од хотелските капацитети, Дебарските бањи, како и голем број на други материјали. Исто така, раководителот на Центарот за развој, м-р Мирјана Лозаноска, во форумот на тема: " Регионален развој и развој на животната средина" направи осврт на имплементираните проекти и проктите кои се планирани да се имплементират во иднина во доменот на заштита на животната средина, и кои ги опфаќат сите 13 општини од Југозападниот плански регион.

 

radovis expo 02 radovis expo 03
radovis expo 04 radovis expo 05

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион