Децентрализирана соработка помеѓу Регионот на Долна Нормандија и Република Македонија

Центарот за развој на Југозападниот плански регион и Центарот за Институционален развој - ЦИРа од Скопје, денеска (20 април), со претставници на општините од Регионот, организираа координативна средба на која беше претставен проектот за Децентрализирана соработка помеѓу Регионот на Долна Нормандија и Република Македонија, Оска 5: Туризам. На средбата, беа изнесени и досегашните достигнувања од соработката со Регионот на Долна Нормандија. Стана збор и за  иницијативите и поддршката од француска страна за изработка на Стратегија за туристичките потенцијали на целиот Регион, односно пооделни стратешки документи за сите општини, во зависност од интересот што тие го имаат за изработка на вакви документи.

Според утврдената динамика во крајот на септември ќе се одвива процесот на проценка на потребите и приоритетите во сферата на туризмот во општниите, а потоа ќе се пристапи кон дефинирање на документите што ќе се работат во Регионот со експерста помош од француска страна.

 

CIR-2 CIR - 3
CIR - 4 CIR - 5

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион