Претаставници од JICA во Центарот за развој

Во рамките на поддршката што Јапонската влада и ја дава на Македонија, денеска, претставници на меѓународната агенција за соработка - JICA, предводени од заменикот директор Араки Арефу го посетија Центарот за развој на Југозапападниот плански регион, при што беше разговарано за решавањето на проблемот со цврстиот отпад во Регионот. На средебата директорката на Центарот за развој, Мирјана Лозаноска, информира за досегашните чекори што се преземени за решавање на овој приоритетен проблем, а стана збор и за останатите проекти што се реализирани во изминативе две години.

Претставниците на агенцијата посебно се интересираа за функционирањето на комуналните претпријатија, начинот на собирањето и третирањето на цврстиот отпад. Во рамките на престојот во Регионот тие ќе посетат неколку јавни комунални претпријатија и дел од депониите со цел да добијат целосна слика за моменталните состојби во менаџирањето на овој проблем.

По завршувањето на анализата, од тимот што е во Македонија ќе биде изработен извештај, и дури потоа од седиштето на агенцијата од Токио ќе бидат утврдени полињата на идната соработка и видовите помош што може да ги очекува Југозападниот плански регион.

jap_1 jap_2.jpg
jap_3

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион