Посета на Центарот за развој

Претставници од разни институции од областа на регионалниот и локалниот развој од Република Македонија, Република Албанија и Република Косово, во рамки на обуката за локален и регионален развој со пристапот LEADER, организирано од страна на ГИЗ РЕД Програмата во Македонија, на ден 28.03.2012, го посетија Центарот за развој на Југозападен плански регион.

На присутните им се обрати М-р Мирјана Лозаноска, која го претстави регионот, 13-те општини од регионот, Советот за развој на Југозападен плански регион и Центарот како административно тело на Советот за развој. Исто така, Лозаноска, направи осврт на Националната политика на регионалниот развој, Законот за регионален развој и планските документи. На крајот присутните поставија неколку прашања во врска со функсионирањето на регионалниот развој во Р.Македонија и работењето на Центарот за развој на Југозападен плански регион.

_DSC0169 _DSC0174

_DSC0179 _DSC0166

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион