Развој на рурален туризам

Околу 30 туристички тренери  наскоро ќе ги мотивират луѓето од селските средини околу Охридското Езеро, да развиваат рурален туризам. Ова се очекува да биде постигнато по завршувањето на проектот "Развој на рурален туризам" кој по иницијатива на Локалната Агенција за Развој од Струга од денеска започна на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Во рамки на проектот се организира десетодневна обука, под менторство на двајца  туристички експерти од Израел, преку која идните тренери ќе се стекнат со нови способности, вештини и знаења, кои подоцна треба да ги пренесат врз други лица кои ќе имаат интерес за развивање вакви форми на туризам.

Проектот се имплементира  во соработка со Израелската агенција за интернационална соработка и развој (МАШАВ), Факултетот за Туризам и Угостителство -Охрид, Центарот за развој на Југозападниот Плански Регион, Германско Друштво за Меѓународна Соработка (ГИЗ РЕД) и Кластерот за Туризам.

ZaWEB_1 ZaWEB_3

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион