Работен состанок за Основен пројект за фекална канализација за Општина Вевшани и Струга

На ден 25.01.2012 година, во просториите на Центарот за развој на Југозападен плански регион во Струга, преставници од фирмата Метал-Електрик од Скопје (изведувач на проектот), заедно со претставници од месната заедница од Велешта, и стручните лица, одржаа состанок за Основниот проект за фекална канализација за Општина Вевчани и дел од струшката општина (населбите Долна Белица, Подгорци, Октиси и дел од Велешта).

На состанокот се расправаше во основа на дефинирање на трасата каде ќе поминува колекторскиот систем низ Велешта и изнаоѓање на алтернативни решениа. Забелешките и сугестиите ќе се земат предвид во изработката на финалната верзија на Основниот проект. Проектот е финансирана со средства од регионалните проекти на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, одобрени од страна на Владата на Република Македонија за 2010 година преку Бирото за регионален развој.

 

_DSC0019 _DSC0023
_DSC0022

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион