Опрема за детектирање губиток на водите

Заменик министерот за локална самоуправа, Сашо Лазаревски, денеска (11.01.2012), во свечена манифестација, им го предаде опремата за детектирање на губитоци на водите во Југозападниот плански регион. Оваа софистицирана опрема, кои денеска им се предадоа на општините од Југозападниот регион, ќе помагат во раното откривање и детекција на загубите во водоводната мрежа. "Детекцијата се врши од површината на земјата, без потрошена работна сила и техника, што го зголемува севкупната ефикасност и ефективност на претпријатието", истакна заменик министерот за локална самоуправа.

На ова церемонија, говори и градоначалникот од Општина Струга, воедно и претседател на Југозападниот плански регион, г.Рамиз Мерко. Тој истакна дека во рамки на регионот досега се имплеметирани бројни проекти, а во иднина се очекува да се реализират уште. "Бараме 1% од БДП, законски наменети за рамномерен регионален развој, да се распределат за таа намена, бидејќи така ќе придонесуваме за развојот на регионот" - истакна мерко.


Опремата им се предаде не користење на Општина Струга, Дебар и Кичево а ќе служат за детектирање на гибитоци на вода во целиот Југозападен плански регион. Опремата е набавена со средства од Владата на РМ, преку Бирото за регионален развој.

_DSC0164 _DSC0174
_DSC0169 _DSC0190
_DSC0170 _DSC0177
_DSC0182 _DSC0185

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион