Театарска претстава

На ден 23 декември (во Струга), 24 декември во Дебар и 25 во Кичево се одигра театарската претстава на албански јазик "Шкесиа". Претставата имаа можност да ја гледаат сите граѓани од Југозападниот плански регион, од сите 13-те општини кои го сочинуваат овој регион.

Комедијата "Шкесиа", на авторот Олса Пошка, има основа од мотиви од минатото, што конкретно, има врска и континуитет до денес да се создават ситуации и комични моменти, одржувајќи ги карактерот и нивото на карактерите.

Претставата е финансирана со средства од регионалните проекти на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, одобрени од страна на Владата на Република Македонија за 2010 година преку Бирото за регионален развој.

 

teatershqip01 teatershqip03
teatershqip02 teatershqip04

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион