Мобилен мерен пункт

Најсовремена мобилна мерна станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух денеска (28.12.2011) е пуштена во официјална употреба во Општина Осломеј. Неа, симболично, во функција ја ставија градоначалникот на Осломеј, Фатмир Дехари и раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска. Со ова амбиенталниот воздух ќе биде мониториран во текот на целиот ден, така што жителите на Осломеј ќе бидат информирани за присуството на частичките, односно прашината и сулфурдиоксидот во воздухот.

Градоначалникот на Осломеј, Хатмир Дехари изрази задоволство од поставувањето на мерниот пункт за следењето на воздухот, од аспект на сè почестите реакции на жителите од оваа општина од работата на ТЕЦ Осломеј, која се споменува како потенцијален загадувач на животната средина. Дехари очекува дека сега ќе се добиваат релевантни податоци за состојбата во воздухот, што е предуслов за да се преземат ефикасни мерки за решавање на проблемот на загаденоста на воздухот, водата и почвата.

Раководителот на Центарот за развој Мирјана Лозаноска истакна дека оваа мерна станица, која е дел од регионалните проекти, ќе биде искористена за изработка на студија за квалитетот на воздухот во 13-те општини од целиот регион.

Средствата во висина од околу 2,5 милиони денари за набавка на мерниот пункт се обезбедени од Владата на Република Македонија за поддршка на планските региони, а добавувач на опремата е фирмата "Фармахем" од Скопје.

Meren_5
Meren_2
Meren_1

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион