Презентација на Физибилити студија

Се одржа презентација и јавна расправа по Физибилити студијата за одведување на отпадни води од потегот Градиште до Свети Наум. На ден 16.12.2011 во просториите на Општина Охрид, изработувачите на студијата - фирмите "Хидро енерго инженеринг" и "Поинтпро" од Скопје ги изложија техничките решенија за решавање на проблемот со отпадни води на овој дел од охридското крајбрежје.

Целта на овој проект е да се намали деградацијата на квалитетот на водата во Охридското Езеро, особено да се дефинираат и понудат најповолните технички и економско-финансиски решенија, кои потоа би послужиле како основа за натамошна реазлиција на проектот, преку изработка на детална техничка документација со основен проект и изведба на самиот систем, рече м-р Мирјана Лозаноска.

Нареден чекор е преведување на студијата на анлгиски јазик, со цел материјалот да се користи како аргумент или базичен дикумент за обезбедување средства од странски донатори, особено можностите што ги нуди третата компонента на ИПА фондовите наменети за регионален развој.

 

Fizibiliti_3 Fizibiliti_1

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион