“Ај да си речеме уште една”

"Ај да си речеме уште една" е театарската претстава на режисерот Андреј Цветановски што премиерно ќе биде изведена на актерите од охридското глумиште на 7 декември во Вевчани. Претставата е современа комедија со елементи на гротеска која постмодернистички го рециклира народното творештво и го става во современ контекст.

 

Како што нагласува режисерот Цветановски актерската игра ќе се заснова на разобличување на македонските ликови не како херои, ами како обични луѓе кои грешат исто како и сите ние. Луѓе кои не се ништо повеќе од она што сме и ние самите, подвлекува Цветановски.Претставата е финансирана со средства од регионалните проекти на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, одобрени од страна на Владата на Република Македонија за 2010 година преку Бирото за регионален развој.

 

Покрај во Вевчани претставата на 8 декември ќе биде играна во Кичево, а следниот ден во Македонски Брод, што е една од целите на проектот за децентрализација на културните настани и во помалите средини од Регионот. Претставата ќе се најде и на редовниот репертоар на Охридскиот театар.

 

 

Plakat(final_01-web

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион