Презентација на Физибилити студија

29.11.2011, Струга, во просториите на Центарот за развој на Југозападен плански регион се одржа презентација на "Физибилити студијата за отпадни води од Градиште до Св.Наум". На презентација присуствуваа вработените во Центарот за развој на Југозападен плански регион и претставници од фирмата Хидро Енерго Инженеринг (изведувачи на студијата).

На презентацијата беа претставени неколкуте технички решениа според кои при изведбата на самиот проект ќе биде утврдена која варианта е економски најоправдана.

На средбата е договорено кон средината на месец Декември да биде организирана јавна презентација на физибилити студијата во општина Охрид а на која се очекува да учествуваат сите засегнати страни. Конструктивните забечешки од јавната расправа ќе бидат вклучени во финалниот документ кој ќе биде презентиран пред Советот на планскиот регион кон крајот на месец Декември.

 

S7300343v
S7300344v

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион