Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта на посета во Центарот

Министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта, денеска (14.11.2011) го посети Центарот за развој на Југозападниот плански регион во Струга, при што се интересираше за функционирањето на ова стручно и административно тело на Советот за развој на регионот. Во разговорот со директорот на Центарот за развој, Мирјана Лозаноска, министерот Бејта беше информиран за тековното работење, а акцент беше ставен на финаниските обврски што ги имаат преземено општините со цел да се обезбеди целосна фунционалност на оваа институција

 

ministri1.jpg ministri3

 

ministri2

 

 

Министерот Бејта истакна дека општините треба да имаат поактивна улога бидејќи Центарот за развој е една од виталните институции, на ниво на плански регион, која може да придонесе за забрзан регионален развој. Притоа тој подвлече дека од неколкуте остварени посети на повеќето Центри за развој има согледување за проблемите со кои тие се соочуваат, и вети дека ќе се заложи истите да бидат надминати.

При посетата и разговорите на министерот Невзат Бејта на Центарот за развој присуствуваше и претседателот на Советот за развој, Рамис Мерко, кој истакна дека очекува сите чинители на централно и локално ниво да придонесат поефикасно да се спроведува Законот за рамномерен регионален развој. Според Мерко, Центарот за развој, оваа година, доста упешно ги реализира регионалните проекти во кои во поголем дел се вклучени сите 13 општини од Регионот.

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион