Изработка на техничка документација

Претставници на фирмата "Хидро Градежен Инжињеринг", на ден 10.11.2011 година, ја претставија првичната верзија на Физибилити студијата за одведување на отпадни води во населените места Вевчани, Подгорци, Велешта, Октиси и Долна Белица.

Според нивното решение ќе се искористи секундарниот колектор од Велешта до прочистителната станица кој е веќе изведен, а ќе понуди решавање на проблемот за сите населби во овој дел на Југозападниот плански регион. Единствено неможе да се реши проблемот за Лабуништа, додека маките кои ги трпат жителите на Вевчени, Подгорци и дел од Велешта, Октиси и Долна Белица, ќе станат минато. Со оваа решение сите отпадни канализациони води се собираат со три собирни колектори, кои ќе бидат однесени до секундарниот колектор кој е веќе изведен.

 

S7300311-jpg.jpg S7300313-jpg
S7300317-jpg

 

Со решавањето на овој проблем, 90 % го решаваме и проблемот со феклната вода комплетно за Велешта и колекторите за Вевчани и за Подгорци, Долна Белица. Очекуваме дека проекотот е реален и возможен за реализација со многу малку средства спрема она што се очекуваше. Пронајдовме економско евтино решение во кое ќе го реше комплетно еколошкиот проблем кој е посебно изразен поготово во летните месеци кога имаме големи концентрации на фекалии посебно од Вевчени кои се испуштаа во реката, додаде директорот  на Хидро Градежен инжињеринг.

Нарачател на проектот е Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а проектот е одобрен од страна на Бирото за регионален развој по повикот за предлог проекти за 2010 година.

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион