Физибилити студија за отпадни води од Градиште до Св. Наум

Физибилити студија за отпадни води од Градиште до Св. Наум

Фирмата Хидро Енерго Инженеринг од Скопје ќе ја работи физибилити студијата за одведување на отпадни води од потегот Градиште до Св. Наум во Охрид. Денеска претставници од фирмата заедно со Центарот за развој на Југозападниот плански регион оддржа иницијативен состанок со засегнатите страни од Охрид и Струга. На состанокот заеднички беше констатирано дека што поскоро треба да се реши проблемот со загадувањето на водите на Охридското Езеро, особено во летниот период кога на овој потег повеќекратно се зголемува бројот на посетители.

S7300277 S7300276

Од тој аспект беше разговарано дека неколкуте варијанти треба да се вклучат решенија за одведување, или пак локално пречистување на отпадните води. Присутите се согласија дека по целисходно е да се пристапи кон локално третирање на отпадните води со изградба на мали пречистителни станици. Ваквите решенија ќе бидат од корист и за локалното население бидејќи ќе биде земен во предвид критериумот од најниска цена што ќе треба да ја издвојува локалното население за оддржување на системите.

Според договореното, во следните неколку месеци,  ќе бидат поминати сите фази за квалитетно изготвување на физибилити студијата. Ќе биде оддржана и јавна расправа со локалното население и претставници на Општина Охрид, меѓуопштинското претпријати од Охрид и Струга "Проаква", "Нискоградба" и "Водовод и канализација" од Струга. На крајот финалниот документ ќе биде презентиран и пред Советот за развој на Југозапдниот плански регион.

Физибилити студијата е дел од регионалните проекти што Бирото за регионален развој му ги има одобрено на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2010 година.

 

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион